Витгенштајн Лудвиг

Лудвиг Витгенштајн

Лудвиг Јосеф Јохан Витгенштајн (26 април, 1889 – 29 април, 1951) е австриско-британски филозоф, познат по својот интелектуален придонес во: логикатафилозофија на математикатафилозофија на духот и филозофија на јазикот.Од 1929 до 1947 година, Витгенштајн предава на Универзитетот во Кембриџ. За време на неговиот живот, тој објавува една мала книга од 75 страници, која го носи насловот Логичко-филозофски трактат (1921), една статија, една книжевна критика и детски речник. Неговите поголеми ракописи се уредени и објавени постхумно. Филозофски истражувања е објавена како книга во 1953 и е веднаш препознаена за една од најважните филозофски дела во ХХ век. Неговиот учител Бертранд Расел го опишува Витгенштајн како „најсоврешениот пример за гениј, во традиционална смисла на зборот, кој досега сум го запознал; страствен, длабок, жив и доминантен.

Found 1 books in total
Books per page: