Белчовски Јован

Јован Белчовски

Белчовски ,Јован (с.Русиново,Малешевско,07.08.1941)-универзитетски професор.Се школувал во родното село.Завршил средно богословско училиште во Призрен,Филолошки факултет (романистика) во Белград,магистрирал во Скопје (1982),а докторилал во Загреб (1993).Бил навставник во с.Аргулица,Штипско,во Оџаци (Војводина),во средното богословско училиште "Св. Климент Охридски" во Драчево и на Православниот богословски факултет  "Св. Климент Охридски" во Скопје.Редовен професор и две години декан на факултетот.Автор на научни собири и конференции.Негови познати дела се "Историски основи за автокефалноста на Македонската православна црква " ,"Охридската архиепископија од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт, "Охридската архиепископија од основањето до забраната на нејзината дејност.

Found 3 books in total
Books per page: