Фукујама Френсис

Френсис Фукујама

Јоширо Френсис Фукујама ( 27 октомври1952ЧикагоСАД) е американски филозоф, политичко-економски аналитичар и автор. Тој е најдобро познат по неговата книга Крајот на историјата и последниот човек, во која тврди дека во целиот свет, ширењето на либералните демократии, слободниот пазар и западниот животен стил се крајната точка во социо-културната еволуција на човештвото и конечна форма во човечкото уредување. Меѓутоа, во својата книга "Доверба: Социјални доблести и создавање на просперитет" ја изменил својата претходна позиција и признал дека културата не може чисто да се оддели од економијата. Фукујама е исто така поврзан со појавата на неоконзервативното движење, од кое подоцна се дистанцирал.Фукујама е виш научен соработник во Центарот за демократија, развој и владеењето на правото при Универзитетот Стенфорд ..Претходно работел како професор и директор на Меѓународната развојна програма во Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот Џон Хопкинс.

Found 1 books in total
Books per page: