Јовановски Тихомир

Тихомир Јовановски

Јовановски е роден во 1933 година, во Лазарополе, а во 1969 докторирал на Економскиот факултет  во Скопје, каде што бил професор до пензионирањето. Тој бил активен и како автор, при што издал повеќе научни трудови од областа на монетарна економија, го издавал и стручното списание ‚‚Економија и Бизнис‘‘, а бил активен и во асоцијациите на економистите. Во текот на својата академска кариера, Јовановски објавил околу 500 библиографски единици и трудови.

Во 1995 година, Јовановски бил одликуван со Орден на трудот со златен венец и Орден за заслуги за народ со сребрени зраци. Исто така, тој е добитник и на наградата „11 Октомври“ за наука, за животно дело. 

Пронајдени се 6 книги вкупно
Книги по страница: