Кардељ Едвард

Едвард Кардељ

Роден е на 27 јануари 1910 година во Љубљана во работничко семејство. Татко му бил кројач и член на Социјалдемократската партија, а мајка му работничка во фабрика.После завршетокот на граѓанската школа, се запишал на учителска школа, која ја завршил во 1929 година. Член на СКОЈ станал 1926 година, а 1928 и член на КПЈ.Како учител никогаш не работел, бидејќи после матурата е апсен поради комунистичките делувања. Осуден е од Судот за државна заштита, 1930 година, на две години робија, која ја одлежал во Забели кај Пожаревац.Во работничкото движење се активирал рано. Работел илегално како противник на шестојануарската диктатура. Заради политичките активности и како публицист често е апсен и прогонуван.Во 1934 заминал илегално во странство. Се до Втората светска војна се бавел во публицистика. Меѓудругото ја објавил политичко-историската „Развитокот на словенечкото национално прашање“, која излегла 1939 година под псевдонимот „Сперанс“, но цензурата заради антифашистичките тенденции ја запленила.Во 1941 е еден од основачите на Ослободителниот фронт во Словенија и потпретседател на неговиот извршен одбор.На второто заседание на АВНОЈ во Јајце е избран во Претседателството на АВНОЈ и именуван за потпретседател на Националниот комитет за ослободување на Југославија.Тој е еден од творците на историските одлуки донесени на заседанието на АВНОЈ во Јајце.После војната го вршел најважните функции во државниот апарат.Во 1978 тешко се разболел. Починал во клиничкиот центар на 10февруари 1979 во Љубљана. Погребан е во алејата на великаните во Љубљана.Бил еден од најважните личности во СФРЈ и поседувал чин генерал-потполковник во ЈНА. Најзначајни дела се:

·         Патот на нова Југославија, Белград, 1960.

·         За основите на општественото и политичко уредување, Загреб, 1970.

·         Проблемите на нашата социјалистичка изградба, Белград, 1972.

Found 18 books in total
Books per page: