Дескоска Рената

Рената Дескоска

Рената Дескоска ( е родена во Скопје, на 3 мај 1972 година. Основното и средното образование ги завршила во Скопје, со континуиран одличен успех при што била прогласена за првенец на генерацијата. Во 1994 година дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, со просечен успех 9,55. На истиот факултет, во 1997 година ги завршила постдипломските студии со просек 10 и магистрирала на тема „Типови на извршна власт“. На 18 октомври 2002 година, таа докторирала на Правниот факултет во Љубљана, каде ја одбранила дисертацијата на тема „Конституционализмот, уставите и човековите права, со посебен осврт на Република Македонија“, со што станала доктор по правни науки. По дипломирањето, од 1995 до 1998 година била ангажирана како демонстратор на Правниот факултет во Скопје, каде во 1998 година била избрана за асистент, а во 2003 година во звањето доцент. Потоа, во 2008 година била избрана во вонреден професор, а во 2012 година станала редовен професор во областа на уставното право и политичките системи.

Found 1 books in total
Books per page: