Саздов Томе

Томе Саздов

САЗДОВ, Томе (Скопје, 8. 02 1934 – Скопје, 11. 02 2004) – книжевен историчар, истражувач на македонското народно творештво, унив. професор по усна народна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Завршил Филозофски факултет – група Историја на книжевноста на народите на СФРЈ во Скопје (1957). Неколку години бил новинар, по што работел на Филолошкиот факултет (од асистент до редовен професор). Докторирал на тема „Марко К. Цепенков како собирач на македонски народни умотворби“. Бил повеќегодишен директор и претседател на Советот на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид, претседател на Културно-просветната заедница на Македонија и директор на Институтот за македонска литература. Приредил повеќе зборници со македонски народни умотворби и го популаризирал нашето културно наследство, во домашната и во странската јавност. Почесен член на Друштвото на писателите на Македонија

Found 5 books in total
Books per page: