Вајт Елена

Елена Вајт

Елен Гулд Вајт (26 ноември 1827 - 16 јули 1915) била американски христијански водач, чии проповеди биле клучни во основањето на Сабатаристичкото адвентистичко движење, коешто довело до издигнувањето на Адвентистичката црква. Нејзините дела се издадени на повеќе од 140 јазици. И покрај тоа што престанала формално да се образува на возраст од 9 години, таа напишала повеќе од 100.000 страници за разни теми од практичниот живот.