Кекеновски Јове

Јове Кекеновски

 Јове Кекеновски роден е на 06.09.1962 година во с. Љубанци, Скопско.  Основно и средно образование (гимназија) завршува во Скопје. Дипломира на Правниот Факултет на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” оддел правосудна насока во 1990 година. Со титулата Магистер по политички науки се здобива на 21.09.2001 година одбранувајќи ја темата ,,Политичкото одлучување при креирање на станбената политика во Република Македонија” на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања - Скопје. На 10.03.2004 година на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања-Скопје ја одбранува докторската дисертација од областа на локалната самоуправа на тема: ,,Учеството на граѓаните во политичките процеси на одлучување на локално ниво во Република Македонија” со што се здобива со титулата д-р по политички науки.

Found 3 books in total
Books per page: