Державин Г

Г Державин

.Гаврила Романович Державин (14 јули 1743 – 20 јули 1816) — истакнат руски поет кој важел за најголемиот пред Пушкин. Иако обично се смета дека неговите дела му припаѓаат на книжевниот Класицизам, неговите најдобри стихови се полни со антитеза и спротивставени гласови на начин кој потсеќа на Џон Дан и други метафизички поети.Державиновите најпознати дела се одите, посветени на царицата и други дворјани. Не обраќал внимание на превалентниот систем на жанрови, и многу оди се одликуваат со елегиски, хумористични или сатирични содржини. На пример, во неговата велика ода за царицата, тој споменува како требел вошки од косата на жена си и ја споредувал сопствената поезија со лимонада.За разлика од другите класични поети, Державин уживал во внимателно одбрани детали, како бојата на тапетот во неговата спална соба или поетскиот инвентар на неговиот оброк. Сметал дека францускиот е јазик ан хармонијата, а рускиот, јазик на расправијата. Иако се насладувал со хармонични алитерации, понекогаш намерно го инструментирал стихот за да постигне ефект на какафонија.Поважни оди му се беспрекорната „За смртта на кнез Мешчерски“ (1779); игривата „Фелица“ (1784); возвишената „Бог“ (1785), преведена на сите европски јазици; „Водопад“ (1794), по повод смртта на кнезот Потемкин, и „Зимовка“ (1800), тажна елегија за смртта на неговиот пријател Суворов. Исто така го напишал текстот на првата руска химна, Грому на победата, раздавај се!


Found 1 books in total
Избранное
2013
0 Votes
Books per page: