Ерих Фон Деникен е роден на 14 април 1935 година во Софинген, Швајцарија. Израснал и воспитан е како католик, се школувал во меѓународното католичко училиште Сен Мишел во Швајцарија. Уште во тоа време одбива да ја прифати црковната интерпретација на Библијата и развива интерес за астрономијата. Подоцна тоа искуство од католичкото училиште и догматскиот пристап ќе го обработи во една од своите книги, тврдејќи и докажувајќи како црквата многу нешта сменила во Библијата, па сè до други толкувања. Тој е контроверзен писател, уметник и мистериолог. Неговите теории им се омилени на читателите. Неговите дела се преведени на 32 јазици, а има изданија кои се продадени во 62 милиони примероци.