Здравко Божиновски e научен работник, есеист, фолклорист, препевувач и лектор, роден 1940 г. Дипломира на Филозофски факултет - Скопје, група Југословенска книжевност со македонски јазик. Од 1968 г. до пензија работи како лектор.
Член на Друштвото на фолклористите на Р. Македонија од 1964 год. Оснoвач и претседател на Здружението за македонскo- руско пријателство во Битола. Учесник на многу конгреси, симпозиуми и има објавено 36 трудови. Раководител е на групацијата лектори во јавната администрација во Р.М. Добитник на многу награди и признанија.
Член на Македонското научно друштво - Битола од 1963 год. ; секретар на Одделението за лингвистика и литература од 2000 – 2002 год.