Рене Декарт ( Хаг, 31 март 1596 – Стокхолм, 11 февруари 1650), , работел како филозоф, физичар и математичар. Тој е подеднакво важен со неговите круцијални дела и во филозофијата и во математиката. Со измислувањето на координатниот систем, тој ја поставил основата за модерната геометрија(аналитичка геометрија), од која подоцна ќе се развие диференцијалното и интегралното сметање.Неговите дела претставуваат основа на модерната филозофија и раскин со схоластиката, а во математиката темел на аналитичката геометрија. Најзначајни дела му се „Принципи на филозофијата“, „Расправа за методите“,„Медитации“ и „Геометрија“.