Николо Макијавели ( Фиренца, 3 мај 1469 - Фиренца, 20 јуни 1527)— функционер, писател, воен стручњак, поет, комедиограф и политичар. Најпознат е по својот политичка расправа „Владетелот“, и по векови погрешно толкуваната максима: „Целта ги оправдува средствата“.Своето творештво го започнал со покладни песни, канцони и сонети. Покрај „Владетелот“ познат е и по делата „Умешноста на војувањето“, „Расправи за првите десет книги на Тит Ливиј“, „Историја на Фиренца“, а неговото најважно дело од аспект на книжевноста е „Мандрагола“. Тоа е првата модерна европска комедија и најдоброто италијанско дело од овој жанр во периодот на ренесансата. Поимот макијавелизам е изведен од неговото име, а честопати се користи во негативна конотација опишувајќи појава на манипулирање и интриги, спротивност на морално однесување.