Лудвиг Јосеф Јохан Витгенштајн (26 април, 1889 –
29 април, 1951) е австриско-британски филозоф, познат по својот интелектуален
придонес во: логиката, филозофија на
математиката, филозофија на духот и филозофија на
јазикот.Од 1929 до
1947 година, Витгенштајн предава на Универзитетот во
Кембриџ. За време на
неговиот живот, тој објавува една мала книга од 75 страници, која го носи
насловот Логичко-филозофски трактат (1921), една
статија, една книжевна критика и детски речник. Неговите
поголеми ракописи се уредени и објавени постхумно. Филозофски истражувања е објавена
како книга во 1953 и е веднаш препознаена за една од најважните филозофски дела
во ХХ век. Неговиот
учител Бертранд Расел го опишува Витгенштајн како „најсоврешениот пример за
гениј, во традиционална смисла на зборот, кој досега сум го запознал;
страствен, длабок, жив и доминантен.