Проф.Д-р Марија Зарезанкова-Потевска е родена во Велес во 1948 год, а основно и гимназиско образование завршува во Скопје, каде и дипломира на Економскиот факултет на УКИМ во Скопје во 1971 година. Во 1984 година на Универзитетот во Сараево, Република БиХ магистрира на тема `Развој на електроенергетскиот систем во стопанскиот развој на Р.Македонија` , а во 1999 година докторира на тема `Малото стопанство во функција на економскиот развој на Република Македонија` на Економскиот институт на Универзитетот `Свети Кирил и Методиј` во Скопје.