Зигмунд Фројд (6 мај 1856 - 23 септември 1939) — австриски невролог, основач на психоаналитичката школа за психологија. Фројд е најпознат по неговите теории за несвесниот ум и механизмите за заштита од потиснување и по создавањето на клиничкото применување на психоанализата за лекување на психопатологијата со помош на разговор помеѓу пациентот и психоаналитичарот. Фројд исто така го препознаваме и по неговото редефинирање на сексуалната желба како основна мотивациона енергија на човековиот живот, како и неговите терапевтски техники, во коишто спаѓа употребата на слободното здружување, неговата теорија на пренесување во терапевтските врски и толкувањето на соништата како внатрешни извори на несвесните желби. Тој исто така е еден од првите истражувачи од областа на неврологијата во церебралната патологија.Во академијата, неговите идеи продолжуваат да влијаат на хуманистичките и некои од општествените науки.