Мето Јовановски (26 октомври 1928 во Брајчино — 23 декември 2016 во Скопје) — македонски раскажувач и романописец и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права, а потоа негов почесен претседател.Бил претседател на македонскиот ПЕН Центар. На 9 ноември 2006 година заедно со Слаѓана Тасева ја основал невладината организација за борба против корупцијата „Транспарентност - нулта корупција“.Бил дел од уредничките тимови на списанијата „Современост“ и „Хоризонт“.