Чарлс Лудвиг
Доџсон (27 јануари 1832 – 14 јануари 1898), попознат под псевдонимот Луис Карол бил англиски писател, математичар, логичар, англикански ѓакон и фотограф. Неговите најпознати дела се „Алиса во Земјата на чудата“ и неговото продолжение „Низ огледалото“, како и поемите „Ловењето на Снарк“ и „Џабервоки“ кои денес се
сметаат за едни од најдобрите примери на нонсенс литературата. Карол е познат
по неговите игри со зборови и по бујната фантазија на што и се должи неговата
светска популарност.