Билибин Иван

Иван Билибин

Иван Јаковлевич Билибин е роден на 16 август 1876, а починал на  7 февруари 1942 тој е руски илустратор и сценограф, член на уметничкото друштво „Мир искуства“ и дал ликовен придонес во работата на Рускиот балет Сергеј Дјагилев. Во творештвото влечел инспирација од словенската митологија и фолклор. Билибин е роден во Тарховка, предградие на Санкт Петербург. Во 1898 го посетувал уметничкото училиште на словенечкиот мајстор Антон Ажбе во Минхен, а потоа учел ликовна уметност кај Илја Репин во Санкт Петербург. Во периодот од 1902 до 1904 го посетил северот на Русија и длабоко се воодушевил од старата дрвена архитектура и рускиот фолклор. Наодите од оваа посета ги објавил во монографијата „Народната уметност на рускиот север“ (1904). Покрај ова, Билибин се инспирирал и од традиционалните јапонски дрворези („укијо-е“).

Found 1 books in total
Books per page: