Фридрих Вилхелм Ниче (германски: Friedrich Wilhelm Nietzsche; 15 октомври 1844 - 25 август 1900) — германски филозоф од XIX век и класичен филолог. Автор на низа текстови од
областа на религијата, моралот, современата култура, филозофијата и науката,
користејќи еден засебен стил и наклонетост кон метафора, иронија и афоризам. Влијанието на
Ниче останува значително во и надвор од филозофијата, особено во егзистенцијализмот и постмодернизмот. Неговиот стил и радикалното
преиспитување на вредноста и објективноста на вистината резултираа во голем
број на коментари и толкувања, главно во континенталната филозофска традиција.
Меѓу неговите најпознати идеи се: смртта на Бог, перспективизмот, вечното
враќање, аполониско-дијонизиската поделба.