Д-р Саво Климовски (роден на 13 јуни 1947 год. во Скопје) е македонски правник, професор по уставно право и политички систем на Правниот факултет во Скопје[1].Правните студии со одличен успех ги завршува во јуни 1970 год. на Правниот Факултет во Скопје, каде што во 1974 год. се стекнува со степен на магистер од областа на правно-политичките науки. Со докторат на правни науки се стекнува во мај 1978 год. на Правниот Факултет во Љубљана. За асистент на Правниот факултет е избран во април 1971 год. Првпат за редовен професор на научната област уставно право и политички систем и политичка филозофија. Од октомври 1992год. во два мандати е декан на Правниот Факултет во Скопје. Во периодот 1996 до 1998 година е претседател на Универзитетскиот сенат при Универзитетот „Кирил и Методиј“ - Скопје.Има објавено повеќе монографии, средношколски и универзитетски учебници, како и бројни прилози во научни и стручни публикации.