Димитар Димитров е роден на 13 ноември 1937 година во Цакони, Воденско, Егејска Македонија. Во времето на Грчката граѓанска војна неговото семејство побегнало во Македонија. Во Скопје го завршил средното образование и завршил Филозофски факултет. Во Љубљана завршил магистерски степен, додека во Загреб завршил докторат со титула доктор по филозофски науки. Во текот на својата кариера, Димитров бил професор на Филолошкиот факултет во Скопје, амбасадор на Република Македонија во Руската федерација, а од 1970 година станал член ДПМ.Во првата експертска влада Димитров ја извршувал функцијата Министер за образование и наука, и тоа во периодот од 20 март 1991 до 4 септември 1992 година. Во периодот од 30 ноември 1998 до 28 декември 1999 година ја извршувал функцијата Министер за култура, во владата на Љубчо Георгиевски.