Фридрих Енгелс (28 ноември 1820 – 5 август 1895) бил германски политички филозоф и крупна фигура во европското социјалистичко движење во втората половина на 19 век. Беше близок соработник на Карл Маркс, со кого соработуваше долги години. Заедно со Маркс го напиша Комунистичкиот манифест, а по смртта на Маркс ги редактира и издаде вториот и третиот том на Марксовиот „Капитал“.