Димитар Николоски е роден 1974 година во Велес. Дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп во 1996 година, на економско-статистичко-кибернетската насока. Во 2000 година магистрирал на универзитетот во Нојшател (Швајцарија) со магистерскиот труд на тема “Показатели на нееднаквост во распределбата на приходите во Р. Македонија“. Во 2007 година докторирал на универзитетот Стафордшир (Велика Британија) со успешна одбрана на докторската дисертација со наслов „Детерминанти на одржлива стапка на невработеност во земјите во транзиција со посебен осврт на Македонија“. На Економскиот факултет-Прилеп најнапред е вработен како асистент во периодот 2000-2007 година, а во февруари 2008 е избран за доцент по предметот економетрија. Полиња на научна преокупација му се економетријата, економијата на трудот, теоријата на статистичко заклучување и статистиката на работна сила.