Петрова Мариета

Мариета Петрова

Проф. д-р Мариета Петрова е родена 1968 г. во Скопје. Дипломира и магистрира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Институтот за педагогија. Во 2009 г. докторира на Универзитетот „Đemal Bjediћ“ во Мостар. Во 2014 г. се стекнува со звањето вонреден професор. Во периодот 2012-2014 г. е секретар на вториот циклус универзитетски студии, а во периодот 2014-2016 г. е раководител на групата Одделенска настава на истиот циклус студии. Учествувала во европскиот проект „Training for Teaching in Multicultural Institution (TEMPUS-PHARE проект реализиран од четири земји од Европската Унија: Холандија, Шведска, Данска, Обединетото Кралство од кој произлегува нејзиниот престој во MALMÖ HÖGSKOLA; MALMÖ SHOOL OF EDUCATION SWEEDEN во 2000 г. Дел е од проектот на УКИМ и ПФСКО за основање на градинката „Бисери“ која работи според методот Agazzi и во која реализира повеќе проекти. Учествува во програмата за стручно усовршување„Интеркултурално воспитание“ во 2012 г., во соработка со Универзитетот во Падова, Учителскиот факултет во Загреб, Универзитетскиот институт „Софија“ во Фиренца, Меѓународното училиште на педагошки науки (СИСФ) во Венеција, Институтот „Агаци“ од Бреша, Независниот универзитет од Барселона и Детската  градинка „Зрака сунца“ од Крижевци. Учествувала на повеќе меѓународни конгреси. Објавила повеќе оригинални научноистражувачки трудови. Автор и коавтор е на неколку книги

Found 1 books in total
Books per page: