Целакоски Наум

Наум Целакоски

Д-р Наум Китев Целакоски е роден на 24 декември 1937 година во Охридско. Основно училиште завршил во родното место, гимназија учел во Охрид и Струмица а дипломирал на математичката група од Природно-математичкиот факултет при  (УКИМ) во Скопје во 1960 година. Во 1970 г. магистрирал на Природно-математичкиот факултет во Белград на тема “Инјективни и пројективни модули“, а доктор по математички науки науки станал во 1977 г. на Математичкиот факултет во Скопје со темата “Прилог кон теоријата на алгебарските структури со асоцијативни операции“. По дипломирањето работел три години како професор по математика во градежното училиште во Струга, а од 1964 г. до пензионирањето во 2002 г. работел на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ како асистент, доцент, вонреден и редовен професор по математика. Како асистент почнал да работи на Техничкиот факултет во Скопје во 1964 година, за доцент бил избран на Електро-машинскиот факултет во Скопје во 1970 година, за вонреден професор – на Математичкиот факултет во 1978, за редовен професор – на Математичкиот факултет во 1984 и на Машинскиот факултет во Скопје преизбиран) во 1990 и 1996. .

Found 2 books in total
Books per page: