Ристевска - Јовановска Снежана

Снежана Ристевска - Јовановска

Родена е во 1966 година во Охрид.Дипломирала на Економскиот факултет во Скопје во 1988 година. Магистрирала во 1991 година а докторирала во 1995 година на Економскиот факултет во Скопје.На Економскиот факултет работи од 1990 година како асистент се до изборот во звањето доцент во Април, 1996. Во 2001 година е избрана во звањето вонреден професор, а во 2006 година за редовен професор.Нејзина научна преокупација е маркетингот, особено дистрибуцијата, политиката на цени и однесувањето на потрошувачите.Има објавено преку 70 статии во земјата, а со над 20 научни статии учествувала на меѓународни симпозиуми, во земјата и во странство.Во текот на својот работен век била активно вклучена во работата на повеќе стручни тела, органи и комисии.Од 1990 година до 2006 година била Секретар на Катедрата по Маркетинг. Од основањето до мај 2004 била секретар на Македонското маркетинг здружение "Маркетинг", а оттогаш па се до денес е потпретседател на здружението. Од март 2007 е Раководител на последипломскиот студиум по Маркетинг, а од август 2008 е Раководител на Катедрата по Маркетинг.

Found 1 books in total
Books per page: