Проф. д-р Марко
Китевски е роден на 13 април 1950 година во селото Слатински Чифлик, Дебарца. Во 1974 година
дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на катедрата
за историја на книжевностите на народите на СФРЈ. Потоа завршил и
постдипломски студии од научната област Македонска книжевност на Филолошкиот
факултет во Скопје и во 1980 година го одбранил магистерскиот труд фолклорните елементи во делата на Стале Попов. Во 1990 година ја
одбранил докторската дисертација под наслов Клетвите во македонското народно творештво.