Професорот Никола Тупанчески е роден во 1961
година во Охрид. Редовен професор на Правниот факултет е од септември
2012, додека од 2013 година е раководител на Институтот за казнено право.Тој е
професор е по казнено право (прв циклус на студии), меѓународно казнено право,
економско казнено право, медицинско казнено право, криминална политика,
компаративно казнено право, малолетничко казнено право, правда и внатрешни
работи (втор циклус на студии – мастер студии). Изведува настава и спроведува
испити и на додипломски, постдипломски и докторски студии, а предавач е на
пост-дипломски студии по интелектуална сопственост на Универзитетот во
Стразбур. Активно беше вклучен во реформите за казнено право.Од 2008 до
2013 тој бил и продекан за меѓународна соработка.