Душан Николовски е роден е во скопското село Јурумлери на 27 мај 1947 Во 1969 година се запишува наРударско-геолошки факултет во Белград на отсек подземна експлоатација и истиот го завршува во 1974 година. Потоа запишува последипломски студии и се здобива со титула магистер во 1992 година на Рударско-геолошкиот факултет во Белград. По извесен период се запишува на докторски студии на истиот факултет и во 1998 година станува доктор на технички науки. Во своето професионално и волонтерско работно искуство се карактеризира како инжинер за производство во јама, раководител за производство во јама, раководител на техничка подготовка,претседател на Сојузот на инженерите и техничарите во Пробиштип, член на Работничкиот совет на рудниците „Злетово“, претседател на Извршниот одбор на рудниците „Злетово“,член на Собрание на Стопанска комора на Македонија, делегат на Собрание на Стопанска комора на Југославија , член на Извршен одбор на Здружена банка- Скопје претседавач на Собрание на Стопанска банка – Штип , претседател на Здружението за олово, цинк и преработка на Југославија, генерален директор на рудници Злетово во два мандата, ВД генерален директор наРМХК ‚‚Злетово-Саса‘‘ – Скопје, член на Комитетот за подземна експлоатација, член на Комитетот за рударски мерења на Југославија, член на Комитетот за математичко моделирање на Југославија, делегат на Светскиот рударски конгрес во Југославија и Кина. Избиран е и како виш научен советник во научна установа Рударски институт –Скопје, доцент на Рударско-геолошки факултет - Штип вонреден ангажман), директор и главен и одговорен уредник на ревијата‚‚Македонско рударство и геологија‘‘, генерален директор на АД Фабрика за наменско производство ‚‚Сувенир – Самоков и член на Управен комитет и член на технички комитет - Проект: Струја за развој на капацитети за управување со загадување на почвите поврзано со рударството во Република Македонија. Бил и пратеник во македонското собрание во два наврата и тоа од периодот од 1991 до 1994 година и 1994 до 1998 како претставник на СДСМ. Моментално е доцент во приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Институт ‘‘Гаврило Романович Державин ‘‘ во Свети Николе.