Роберт Димитровски роден е 1952 година во Битола. Дипломиран правник, магистер и доктор на менаџмент на УКИМ, ИСППИ - Скопје. Работел во ЕМУЦ „Ѓорги Наумов“ – Битола (1981 - 1996). Професор на ПДС на ИСППИ - Скопје и ПЛАТО - ЊУА, за дистанциони студии и на ФОН - Скопје. Коосновач на : Балканска асоцијација за менаџмент и нови технологии (1992), Младински едукативен центар за талентирани ученици (1994), Центар за стручно образование - Битола (1997).
Основач и претседател на Институтот за менаџмент на знењето. Автор на многу проекти, истражувања. Прв во РМ го третира Менаџментот на знаење. Ментор на повеќе од 20 докторанти и магистранти.
Член на ДНУ- Битола, ДНУ - Скопје и МАМ - Скопје, ЕУ Борд на Институт за демократија.