Проф. д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска е родена на 28. 04.
1963 година во Скопје. Студиите на Правниот факултет во Скопје ги завршила во
1985 година, a во учебната 1987/88 година се запишала на постдипломски студии
по граѓанско право на Правниот факултет во Скопје. Магистерскиот труд со
наслов „Задружната сопственост во
Република Македонија“ го одбранила на 09.12.1992 година и се стекнала со
академскиот степен магистер на правни науки. Докторскиот труд со наслов „Договорот за лиценца во
споредбеното право и во правото на Република Македонија“ го одбранила
на 27.05.1999 година.