Роден
е во 1937 година во с. Велгошти – општина Охрид, Македонец.Дипломирал на
Правниот факултет при Универзитетот во Скопје, 1960 година. Докторирал на Правниот
факултет при Универзитетот во Белград, СР Југославија, во 1984 година на тема
“Референдумот како облик на одлучување на работниците во организациите на
здружен труд”.Работел во општина Охрид како референт за социјална
заштита (1960-1961), правен референт (1962-1965), началник на Одделение за
надзор и контрола (1965-1966), началник на Одделение за комунални работи и
урбанизам (1966-1968), бил судија на Општинскиот суд во Охрид (1968-1974),
претседател на Извршниот совет на Собранието на општина Охрид (1974-1982),
претседател на Општинскиот суд во Охрид (1982-1990), доцент и вонреден професор
на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид од 1990 до 1993 година,
секретар на Владата на Република Македонија во 1991 и 1992 година, а од 1994
година бил ангажиран како надворешен соработник на Факултетот за туризам и
угостителство во Охрид, како редовен професор по предметот “Трговско право”. Досега
има напишано 10 книги и преку 50 други стручни трудови. Меѓу поважните се:
Референдумот во здружениот труд; Договори во областа на туризмот; Основи на
правото со стопанско право и трговско право. Добитник е на
Седмоноемвриската награда на град Охрид. Одликуван со Орден заслуги за народ со
сребрена звезда од Претседателот на СФРЈ. Прогласен е за почесен градоначалник
на градот Деарборн, Мичиген, САД.