Старова Гзиме

Гзиме Старова

Д-р Гзиме Старова е родена на 24.12.1946 година во Скопје, Република Македонија. По народност е Албанка.Основното и средното образование ги завршува во Скопје. Дипломира на Правниот факултет “Јустинијан Први”, во Скопје, во учебната 1969/1970 година. На Правниот факултет во Скопје се вработува 1971 година, најнапред како стажант на катедрата за административно правни науки, а од 1973 година како асистент по предметот трудово право и социјално осигурување.Последипломски студии завршува на Правниот факултет во Скопје, каде во 1978 година со успех го брани магистерскиот труд на тема: “Посебна заштита на работниците при работа”. Во 1979 година е избрана за предавач по предметот трудово право и социјално осигурување. Докторира на Правниот факултет во Љубљана, Република Словенија во 1991г, на тема:”Уредување на работните односи во СФРЈ и неговите облици”. Во 1992 година избрана е за доцент на Правниот факултет во Скопје, по предметот трудово право и социјално осигурување . Во 1997 година избрана е за вонреден професор, а во 2002 година е избрана за редовен професор.На Правниот факултет во Скопје, ги предава предметите трудово право и социјално осигурување, како и меѓународно трудово право, европско трудово право од групата предмети на мастер студиите на Правниот факултет во насоката по деловно право. Во 2001 година анкажирана е како редовен професор по трудово право и социјално осигурување на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Република Македонија, каде предава на албански и македонски јазик. Во текот на две учебни години (2001/2002 и 2002/2003) ангажирана е како професор на женските студии организирани од Сојузот на организации на жените на Република Македонија во областа Женски права-човекови права, со посебен осврт на положбата на вработената жена и нејзините права во текот на работата во македонското, меѓународното и европското законодавство.

Found 1 books in total
Books per page: