Петровски Панде

Панде Петровски

Петровски е роден во 1943 година во битолското село Живојно во селско-земјоделско семејство. Неговиот дедо Петре бил учесник во Илинденското востание и Првата светска војна, а татко му Алексо бил учесник во НОБ од 1943 година, при што два пати бил рануван.Основно и средно образование завршил во родното место и Битола, а во предвидениот период од 1962 до 1965 со висок процент на успех ги завшрил студиите на воената академија во Белград.На доусовршување и остручување бил во Бања Лука и Белград. Бил на висока функција во ЈНА, подоцна вклучен во формирањето на АРМ. Како офицер и старешина во оклопните и механизираните единици бил на служба во ЗагребПрилепВелес и Приштина, а во 1990 бил назначен за помошник командант на третата армиска област во Скопје. По расформирањето на ЈНА, учествувал во формирањето и бил назначен за командант на Вториот армиски корпус на АРМ во Битола. Во 1996бил назначен за началник за борбена готовност во Скопје, а од 1999 ја вршел должност заменик на началникот на ГШ на АРМ, на која повторно бил назначен во март 2001 после неговото предвремено пензионирање по Претседателските избори во 1999 година. Во периодот од јуни до септември 2001 бил началник на генерал-штабот на АРМ. Од септември истата година и по пензионирањето во 2002 бил ангажиран како советник на министерот за одбрана за развој и употреба на Армијата. Во неговата војничка кариера предвремено е унапредуван во чин капетан прва класа, чин мајор и чин полковник]. Во генерал-мајор бил унапреден во 1993 како командант на корпус, во 1997 бил унапреен во чин генерал-потполковник, а во 2001 година бил унапреден во чин генерал како началник на ГШ на АРМ. Починал на 31 декември 2006 година во Битола, каде и почива.

Found 1 books in total
Books per page: