Оскар Фингал О’Флаерти Вилс Вајлд Даблин, 16 октомври 1854 - Париз, 30 ноември 1900) — ирски драмски писател, поет, раскажувач и автор на еден роман. Познат по неговата
зајадлива досетливост, станал еден од најуспешните драмски писатели на доцната викторијанска епоха во Лондон, како и една од
најпознатите личности на неговото време. Негови најпознати дела се комедијата „Ладалото на Леди Виндермир“, „Важно е да се викаш Ернест“, „Идеален маж“ и романот „Сликата на Доријан Греј“. Неколку од неговите драми и понатаму често се изведуваат
на сцена, особено „Важно е да се биде Богумил“ (анг. The Importance of Being Earnest). Како последица на општо познати судења, Вајлд доживува
драматичен пад и бил затворен две години на робија откако го осудиле за
„непристојно однесување“ со друг маж. По неговото ослободување од затвор,
запловил за Дјеп со ноќниот ферибот. Никогаш повеќе не
се вратил во Ирска ниту во Британија.