Айнщайн Алберт

Алберт Айнщайн

Алберт Ајнштајн ( 14 март 1879 – 18 април 1955)  германски теоретски физичар, најпознат по неговата теорија на релативноста и теоријата за Еднаквост на масата и енергијата{\displaystyle E=mc^{2}}Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика во 1921 година „за неговата работа во полето на теориската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект.“ Во огромниот број на придонеси на Ајнштајн кон физиката се вбројува неговата специјална теорија на релативноста, која ги споила механиката и електромагнетизмот, и неговата општа теорија на релативноста, која ја проширила теоријата на релативноста за нерамномерното движење, создавајќи нова теорија на гравитација.Има бројни придонеси во полињата на релативистичка космологија,капиларна акцијакритична опалесценцијакласични проблеми на статистичката механика и нивната примена во квантната  теорија, објаснување на брауновото движење на молекулитеверојатности на атомската транзиција, квантната теорија на едноатомски гасовитермодинамичките својства на светлината со ниско ниво на радијација (со што ги дава темелите на теоријата на фотони), теорија за радијација вклучувајќи стимулирана емисија, концептот на теоријата на унифицирани полиња и придонеси кон физичката геометризација.Ајнштајн објавил преку 300 научни и над 150 ненаучни дела. Има статус на слава во заедницата на физиката, а магазинот Тајм во 1999 го именува како „Личност на векот“. Во пошироката култура, името „Ајнштајн“ стана синоним на генијалност.

Found 1 books in total
Books per page: