Проспер Мериме , (Париз, 28 септември 1803— Кан (Приморски Алпи), Кан, 23 септември 1870) француски писател, драматург, историчар, археолог и новелист од XIX век. Најпознат е по неговата новела „Кармен“ која станала основа за операта „Кармен“ од Жорж Бизе. Тој бил прв братучед на физичарот Огистен Френел (1788-1827). Во 1844 година, Мериме станал член на Француската академија. Мериме се интересирал за рускиот јазик и руската книжевност, преведувал дела од руски писатели, а бил и пријател на Иван Тургенев. Покрај литературните, пишувал и научни работи од областите со кои се бавел. Во 1854 година станал сенатор, а подоцна и секретар на сенатот (1860).