Август Шеноа (Загреб, 14 ноември 1838 - Загреб, 13 декември 1881), хрватски писател, автор на реалистички раскази и фељтони, романтичарски песни и историски романи.
Шеноа бил влијателен театарски критичар.
Заслужен е за создавањето на современата хрватска проза. Најпознато негово дело
е романот „Селанска буна“, како и романите „Златарево
злато“, „Диогенеш“, „Клетва“, „Чувај се од сењската рака“, „Питачот Лука“ и
комедијата „Љубица“.