Гоце Смилевски е роден во Скопје, 1975 год. Дипломирал на Филолошкиот ‘‘ Блаже Конески‘‘ Скопје.Образованието гопродолжил на Карловиот универзитет во Прага и на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта.Во 2000 година, издавачката куќа „Сигмапрес“ од Скопје го објавила неговиот роман Планетата на неискуството. За романот Разговор со Спиноза (2002) ја добил наградата „Роман на годината“ на Утрински весник. За романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ во 2010 година ги добил Наградата за литература на Европската Унија и Наградата за медитеранскакултура.
Потоа, правата за објавување на романот „Сестрата на
Зигмунд Фројд“ биле откупени од издавачи од САД, Англија,Франција, Шпанија, Италија, Португалија, Бразил, Холандија, Србија, Хрватска, Бугарија, Израел, Унгарија, Норвешка, Данска, Турција, Словенија и Чешка.Во 2011 година, на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“
во Прилеп, ја добил наградата за драмски текст, за претставата
„Спиноза“, во продукција на Мал Драмски Театар - Битола и Драмски Театар - Скопје.Во 2016 година,
издавачката куќа „Дијалог“ го објавила романот на Смилевски „Враќањето на зборовите“.