Роден е во 1964 година во
с. Ново Коњарево - Струмичко. Гимназија
завршил во Радовиш. Дипломирал на Институтот за историја при Филозофскиот
факултет во Скопје 1989 година. Во 1992 година се
вработил како помлад асистент при Институтот за историја при Филозофскиот
факултет. Магистрирал 1995 година, а докторската дисертација ја одбранил 2002 година, кога бил
избран за доцент. Во 2007 бил избран за вонреден професор, а во 2012 за редовен
професор.