Ачковска Виолета

Виолета Ачковска

Ачкоска е родена во Охрид на 9 април 1954 година. Во 1977 година дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје, група Историја. На истиот факултет магистрирала во 1988, докторирала во 1993 со тезата „Аграрот и селото во Македонија 1945-1955 година“. Водела неколку домашни и учествувала во неколку странски и домашни проекти.

Научниот интерес и досегашните објавени трудови на Ачкоска може условно да се подели на неколку научни области:

·         Историја на Македонија и македонскиот народ, при што поголемиот број на трудови се однесуваат на аграрната и економската историја, потоа на политичката историја (меѓуетничките односи и репресијата во комунизмот), историјата на образованието и културната историја.

·         Методологијата на историската наука

·         Методиката на наставата по историја

 

Found 1 books in total
Books per page: