Тодоровски е роден во Скопје на 3 март 1950 година. Основно
и средно образование завршил во Кавадарци и Скопје. Во 1972 година дипломирал
на филозофскиот факултет - Скопје, група
историја и историја на уметноста. Во 1981 година магистрирал на Филозофскиот
факултет во Скопје на тема "ВМРО (автономистичка) 1918 - 1924
година". На истиот факултет во 1995 годенадокторирал на тема "Внатрешната
македонска револуционерна организација 1924-1934 година". Во текот на
својата работна кариера работел во Републичкиот комитет за култура (1975-1990)
и во Институтот за национална историја (1990 - 1999). Од 1999 до 2002 година
бил директор на Државниот архив на Република
Македонија, во периодот од 2002 - 2006 повторно работел во Институтот за национална историја,
за повторно во втор мандат да биде директор на Државниот
архив на Република Македонија од 2006 година до 2015 година. Научниот интерес
на професор Зоран Тодоровски е насочен кон изучување на поновата македонска
историја, главно кон првата половина на XX век и особено на настани и личности,
кои припаѓаат на македонското националноослободително и револуционерно движење.