Филип Петровски е најстарото дете на Тихомир
Петровски и Маринела Петровска (м. Кузмановска). Основното образование го
стекнал во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Куманово. Образованието го продолжил во средното
училиште „Гоце Делчев“ (генерација
1986–1990) во родниот град. По завршувањето на средното образование заминал
во војската на Југославија како дел од
63. падобранска бригада во Ниш.
Служејќи го воениот рок, поминал два месеци во Словенија и еден месец во Хрватска во 1991 година, каде бил сведок на распадот на Југославија.По отслужувањето на
воениот рок и враќањето во Република Македонија, своето образование
го продолжил на филозофскиот факултет во Скопје. По дипломирањето, по покана на Владата на САД,
во 1998 година бил единствен претставник од Македонија и Балканот на проектот за млади
европски лидери (англиски:1998 USIA International Visitor
Program, A Project for Young European Leaders). Една година подоцна бил
учесник и на школата за меѓународно лидерство и економски развој (англиски:1999 Harvard University, John F.
Kennedy School of Government – International leadership and economic
development), организирана од школата „Џон Фицџералд Кенеди“ при универзитетот Харвард, која исто така била
организирана од владата на САД.