Дејан Донев има докторирано на Катедрата за философија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кадешто претходно го одбранил и магистерскиот труд.Тој предава на повеќе додипломски и последипломски студии во областа на етиката во медиумите и односите со јавноста, менаџерска и бизнис етика, политичка етика, етика и јавната админситрација, како и организациска теорија и развој, теории за глобализација и методологија на научни истражувања. Бил професор на Филозофскиот факултет во Скопје (Катедрата за философија, Катедрата за одбранбени и мировни студии и Катедрата за психологија), на Правниот факултет „Јустинијан Први“ (Студиите по новинарство, Правните студии, Институтот по новинарство, медиуми и комуникации и Институтот за политички студии) и на додипломските студии при Еуро Колеџ - Факултет за бизнис администрација во Куманово. Тој бил професор и по предметите Логика и етика и Граѓанска култура во средното образование.