Георги Старделов е македонски естетичар, есеист, литературен
критичар, теоретичар и академик.Тој е роден во 1930 г. во Гевгелија. Дипломирал филозофија
на Филозофскиот факултет во Белград. Докторирал по филозофски науки во 1965
година. Бил професор на Философскиот факултет во Скопје (1956-1966), негов
декан (1975-1977), прв декан на интердисциплинарните студии по новинарство
(1977-1981), претседател на Друштвото на писателите на Македонија и претседател
на Македонскиот ПЕН центар. За неговиот севкупен творечки опус, на Философскиот
факултет во Скопје е одбранета докторска дисертација под наслов „Естетичките,
културолошките и литературнокритичките концепции на Георги Старделов“ (1977).За член на МАНУ бил избран во 1986 година. Во периодот од
2000 до 2004 година бил потпретседател на МАНУ а од 2009 Бил нејзин
потпретседател раководител на Лексикографскиот центар, за да од 1 јануари 2008
година стане претседател на МАНУ. Во МАНУ, од 1993 година раководел со
макропроектот „Историја на културата на Македонија“ од кој во негова редакција
биле издадени 20 тома.Бил член на редакцијата на списанието за литература, култура
и уметност „Современост“.