Конрад Херман Јозеф Аденауер (роден на 5 јануари 1876 во
Келн – починал на 19 април 1967 во Бад Хонеф) — германски државник. Иако
неговата политичка кариера траела 60 години, тој е најзабележителен по неговата
улога како првиот канцелар на Западна Германија од 1949-1963 и претседател на
Христијанската Демократска Унија од 1950 до 1966 година. Тој е најстариот
Канцелар кој некогаш и служел на Германија, почнувајќи ја својата служба на 73
годишна возраст и напуштајќи ја на 83 години. Само Хелмут Кол ја извршувал
подолго функцијата Канцелар на Сојузна Република Германија (1982-1998) или 16
години, додека Ото фон Бизмарк ја извршувал подолг период функцијата Канцелар,
но како Канцелар на Обединета Германија (1871-1890 во Вториот Рајх или
Германската империја под Прусија, која траело од 1871 до 1918).