ТИТО ЈОСИП БРОЗ

ЈОСИП БРОЗ ТИТО

Јосип Броз - Тито (српскохрватски и словенечкиJosip Broz - TitoКумровец7 мај 1892 - Љубљана4 мај 1980) — југословенски комунист и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил премиер на Југославија, а подоцна и претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт тој бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на југословенската народна армија.Покрај државничките обврски и лидерски должности во КПЈ и СФРЈ, Тито бил еден од основачите на Движењето на неврзаните и негов прв генерален секретар.