Пушкин А

А Пушкин

Како дете, Пушкин бил воспитуван во кругот на семејството, а од 1814 до 1817 година учел во престижниот лицеј во Царское Село, во близина на Санкт Петерсбург. По завршувањето на школувањето, Пушкин се впуштил во динамичниот културен живот на Санкт Петерсбург. Пушкин постепено постанал приврзан за општествената реформа и станал гласноговорник за литературните радикали. Ова ја налутило владата и довело до негово иселување од главниот град. Тој најпрво отишол во Кишинев во 1820 година, каде постанал масон. Таму се придружил на Филики Етерија, тајна организација чија намера била да ја отфрли отоманската власт над Грција и да востанови независна грчка држава. Тој бил инспириран од Грчката револуција и кога завршила војната против Отоманците, тој зачувал дневник со настаните на големото народно востание. Во Кишинев останал до 1823 година, кога се преселил во Одеса, каде повторно се судрил со владата, која го испратила во прогонство на имотот на неговата мајка во северна Русија, каде останал од 1824 до 1826 година. Како и да е, власта му дозволила да го посети царот Николај I за петиција за неговото ослободување, на кое тој се противел. Но некои од учесниците во Декабристичкото востание (1825) во Санкт Петербург зачувале некои од неговите рани политички поеми меѓу нивните документи и наскоро Пушкин се нашол под строга контрола на владините цензори, така што не бил во можност да патува или да ги објавува своите дела.Во 1831 година, за време на зенитот на неговата слава, Пушкин го сретнал Николај Гогољ и двајцата станале добри пријатели и се поддржувале меѓусебно. По прочитувањето на вториот том на кратките приказни Попладневни часови на фармата близу Диканка (изданието од 1831 година), Пушкин го поддржал Гогољ критички и подоцна, во 1836 година, по основањето на неговото списание Современиот, дал свој прилог на некои од најпознатите приказни на Гогољ. Подоцна, Пушкин и неговата сопруга Наталија Гончарова, со која се оженил во 1831 година, постанале регулатори на дворското општество. Кога царот му ја доделил на Пушкин најниската дворска титула, поетот станал бесен: почувствувал дека ова не се случило само поради неговата жена која сакала да ги посетува баловите во дворците (а имала и многу обожувачи, вклучувајќи го и самиот цар), туку и поради тоа дека тие сакале да го понижуваат. Во 1837 година, потпаѓајќи во се поголемо и поголемо сомневање во гласините дека неговата жена започнала скандалозна афера, Пушкин го предизвикал наводниот љубовник на неговата жена, Жорж д'Анте, на двобој во кој двајцата биле повердени, но Пушкин смртно. Два дена подоцна, Пушкин починал. Владата се плашела од политичка демонстрација на неговиот погреб и затоа тој се одвивал само во присуство на неговите најблиски роднини и пријатели. Неговото тело било кремирано тајно на полноќ и било закопано на имотот на неговата мајка.

 

Found 26 books in total
Поезија
1977
0 Votes
Поезија
2013
0 Votes
Books per page: